четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СПМ: Колку не кошта молчењето и „луксузниот престој” на МПС во МВР?

СПМ: Колку не кошта молчењето и „луксузниот престој” на МПС во МВР?

Колку не кошта молчењето и “луксузниот престој” на МПС во МВР⁉️, прашуваат од Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ.

-ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не е за оние со слабо срце и нерви!
Овој пат да не бидеме толку официјални, туку веднаш да преминеме на главното: Зошто РАКОВОДСТВОТО НА МПС молчи и ги кочи напорите на СПМ за унапредување на правата на вработените во МВР, зошто не мрда со прст за да се покачат платите и да се добие К15, зошто се служи со лаги и манипулации (иако видовме со последната изјава дека и тоа не им поминува повеќе! ) ????
Одговорот е јацен:б Заради многу проста причина- да се заштитат себеси и да си го зачуваат луксузниот “престој во МВР” дебело нафатирани, додека ние останатите плачеме за некој денар.
Што значи “луксузен престој во МВР”?
Па баш тоа, луксуз кога ние преживуваме. Со нивното членство од над 6000 члена и 300 денари просечна месечна членарина, провизии и проценти од договори за поволности (математика направете самите ако воопшто можете ), сумата која ова “здружение” ja акумулира месечно, годишно можат да ја сонуваат и некои фирми во државата. И тоа е се во ред. Но се додека тоа би се користело за потребите на СИНДИКАТ, а не на поединци и се додека тоа е КОЛЕКТИВЕН фонд, а не „ПРИВАТНА“ СМЕТКА.
Нормално е тоа да една организација има и тековни трошоци за своето работење и за тоа да се троши одреден процент од тие пари. Но, ако се земе во предвид дека МПС, како “ единствен привезок на министерот”, дури потоа некаков си синдикат, ги користи сите привилегии кои треба да ги има секој синдикат кај работодавецот ( бесплатни канцеларии, бесплатен пристап до инернет, бесплатен пристап до канцелариски материјали, бесплатни службени компјутери и опрема, службени возила од МВР, гориво од МВР, бесплатен пристап и користење на одмаралиштата на МВР кога сакаат и колку сакаат итн итн ), се поставува прашањето: На што се трошат парите и кој има корист од тие пари?
Еве знаеме сите за некои трошоци на МПС: поклони за 8ми Март, поклони за Нова година, додатен поклон во текот на годината ( и се тоа се користи за да не можеме да се отчлениме следните 6, 12, 24 месеци ) и……ТОЛКУ! Овде не ги сметаме позајмиците бидејќи тие ги враќаат членовите на 10 рати ( фала богу без камата, уште тоа фали ). Некој од вас тука ќе додадат “А ИГРИТЕ ВО ОХРИД?” Е тоа веќе навлегува длабоко во нивниот „Правилник за исплата на трошоци за дневници, превоз, други видови трошоци и надоместоци“.
Да одиме со ред да објасниме што значи овој Правилник!
Вработените и членовите на органите и телата на МПС имаат право на дневница за патување во земјата и во странство. ДА ДА, и таа дневница и сумата на дневницата далеку пред да добиеме ние право на таква. Таквата дневница изнесува 8% од просечна нето плата по работник во Македонија ( од 2000-2400 ден. ). Пола дневница до 8 часа и цела дневница од 12-24 часа. Исплатите им се согласно нивниот Статут, што значи дека тоа се исплаќа од членарината ( што ние ја плаќаме секој месец ).
За службено патување во странство, по овој нивни правилник си доделиле ,покрај исплата на дневница, и трошоци за превоз и трошоци за ноќевање. Мора да се нагласи дека трошоците за ноќевање ќе се исплатат за престој во хотел од НАЈМНОГУ 4 ЗВЕЗДИЧКИ (луксуз). Додека ние не можеме да си дозволиме ни 2, одиме во студија, тие од наши пари со 4. Да, постојат ограничувања на дневницата. Но тоа сепак значи дека покрај платата што им тече овде, во секој случај ќе им биде исплатена и дневница (пак од членарината). А за да не биде се “преку мера” пак, ако сакаат да користат телефон и интернет на сметка на синдикатот при таквото службено патување, мора да одобри налогодавачот- “прецедникот”. A, да, да не заборавиме и трошок за резервација за превоз?! (повторно од членарината).
Сумирано- кога некој од МПС ќе оди, да речеме, во Србија, Словенија, Бугарија или било каде, “на службено патување”, на истиот му е платен превозот, хотелот од 4 звезди, исхрана, телефон и интернет и дневница. А покрај тоа, платата овде му тече, нормално.(повторно се тоа од членарината). И уште една многу важна работа: За колкав временски период би се исплаќало се ова. Па колеги, просто речено, колку им душа сака. Зошто, ќе прашате?! Затоа што со Новиот Колективен договор што си го потпишаа со Министерот, во делот за Платени отсуства, по чл.117 ст.5 стои дека “ Работникот има право на платено отсуство во текот на календарската година, заради учество на спортски, културни и други манифестации кога го претставува Министерството или учествува како дел од државна репрезентација. Отсуството по овој основ работникот го користи во деновите на траење на основот (настанот). Ова значи дека доколку заминале надвор од државата на “семинари, советувања, конференции”, за тие денови им тече и плата. А и доколку само се “тагираат” на социјалните мрежи (па и со семејството) дека се “службено отсутни”, иста приказна.
И повторно од членарината која ние ја плаќаме!!!
Одиме понатаму.За жал…
Следно мораме да ве известиме дека за секој состанок, комисија, присуство на дисциплинска, “вашиот”претставник од МПС не доаѓа за џабе. Тој е платен. И тоа, за активности во местото на живеење- 400 ден до 8 часа, 800 ден. од 4-8 часа и 100 ден. за секој час после тие 8 часа. Што значи, ако тој претставник на МПС “изработи” 12 часа, ќе биде платен 1200 денари?! ( повторно од членарината). И тоа ако не е предвидена дневница.А ако има дневница, од 2000-2400 денари!!!
Во овој дел само ќе ги напоменеме наградите кои им се доделуваат на членови кои учествувале на семинари или вршеле некаква едукација ( досега непозната именка кај нас), им се исплаќа надомест од 1200 ден. по одржан час. А пак за член кој изработил, промовирал некаква идеја или решение и други слични тракатанци- 30.000 денари?! ( како МВР да нема потребни стручни кадри за тоа). И повторно од членарината. Сега веќе се разјаснува сликата и одговорите на прашањата, нели?
Ама има уште. И кое безобразие е ова, како досегашното да им е малку, бе….
Како се ова да е малку или недоволно, како кој знае каква и колкава работа завршиле или извршуваат, МПС со др.Маце си дале право да на Претседател на Надзорен одбор да му исплаќаат 15.000 денари секоја година и 12.000 ден. за членовите и замениците (тоа е онај одбор кој го прегледува и одобрува годишниот финансиски извештај и трошоци на синдикатот секоја година и без потпис од тој одбор не можат да се оправдаат тие трошоци). Но тие суми се веќе фиксни и пишани во Правилников. Не можат толку лесно да се променат.
Но затоа пак, ВНИМАВАЈТЕ, во членот 22 од тој нивни правилник, ПРАВО НА МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТ (народски кажано плата) имаат Претседателот, генералниот секретар, советникот на претседателот, членовите на претседателството и претседателите на Основните организации на МПС!!! Ова значи дека, покрај платата од МВР, онаа редовната, раководството на ова “трговско здружение” си калапи уште една плата! Од нашите пари!
Знаевте или не знаевте- крајно безобразно. Ама профитабилно, нели? Дури се граничи со “грабеж”. Зошто безобразно? ПА ШТО Е ТОА ШТО ГО СРАБОТИЛЕ ЗА НАШЕ ДОБРО ПА ДА СИ ДЕЛАТ ПЛАТИ ОД НАШИТЕ ПАРИ??? А следното е уште побезобразно и безобзирно.
“Баткиве” си одобриле меѓу нив, Висината на трошоците за користење на телефон и интернет, Месечниот надомест на раководството (синдикалната плата) да се утврдуваат со посебна одлука на нивното претседателство. Ова значи самите си одредуваат колку пари “Ќе подигнат од сметката” за своите луксузи и плати ОД НАШИТЕ ПАРИ!!! Дури и ова не им ги задоволува “перверзните” потреби за пари, па во продолжение на член 27 од правилникот нивни, предвиделе дека:
„ИСПЛАТАТА НА ДРУГИ НЕПРЕДВИДЕНИ ТРОШОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ ВО ФУНКЦИЈА НА СИНДИКАЛНО РАБОТЕЊЕ, КОИ НЕ СЕ УТВРДЕНИ СО ОВОЈ ПРАВИЛНИК, МОЖАТ ДА СЕ ВРШАТ СО ПОСЕБНА ОДЛУКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО“!!!
Е ова, почитувани наши колеги во ова време-невреме, значи само едно- овие “недоветните” можат да ја испразнат сметката на МПС во било кое време, за што сакаат и како сакаат, без притоа да може некој да ги гони за злоупотреба!!!
Е АКО ОВА НЕ Е ЛУКСУЗ, ТОГАШ НЕ ЗНАЕМЕ ШТО Е!!!
Па и Султанот од Брунеи нема вакви права и поволности. Ова се причините заради кои МПС го крие овој правилник. Ова се причините заради кои се кријат годишните финансиски извештаи како што ги крие змијата нозете. Ова се причините заради кои МПС организира толку опширни и сеопфатни Спортски игри, бидејќи, како што прочитавте, покрај сите трошоци, можат а и заведуваат и други дополнителни трошоци кои можат да ги покријат врз основа на правилникот и никој да не им може ништо.Пари неброени, а вие подигајте кредити за на одмор од 7 дена во Струга!!!
Сега разбравте зошто МПС не бара ни плата, ни К15, ни подобрување на права, туку само молчи и ни се потсмева со нивниот “социјален дијалог и преговори”???? Бидејќи се “нафатирани” за да не берат гајле за утре, за в година, за пензија. Бидејќи си го чуваат “изворчето” кое не секнува ( после ова не сме толку сигурни дека нема да секне ).
И внимавајте- СЕ Е ОВА ОД НАШИТЕ ПАРИ КОИ ГИ ОДДЕЛУВАМЕ ЗА МЕСЕЧНА ЧЛЕНАРИНА!!!
Се уште мислите и се надевате дека овие се борат за нас?
Ние одамна знаеме дека НЕ.

Најнови вести