Ве известуваме за настанат проблем во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења (зграда во МВР) кој се провлекува повеќе од една година а Директорот на Бирото за јавна безбедност бидејќи до сега не изнајде решение за непочитувањето на елементарните правила пропишани со Законот за Безбедност и здравје при работа ниту писмено не извести како Синдикат дали и кои мерки ги превземал, повикуваме на итно пристапување кон решавање на проблемот од висок ризик за зараза предизвикан од неправилно работење со инфективен материјал, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од Синдикатот на полицајција во Македонија.
-Работникот кој бил најдиректно изложен на опасноста од зараза со претставка се обратил до Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, кои изјаснувајќи се за ненадлежни го препратиле актот до Бирото за јавна безбедност. Бирото за јавна безбедност ја назначило за одговорна за извршување контрола за пријавената состојба Единицата за стратешко планирање, стандарди и контрола на квалитет. Тие постапиле по задолжението и ја констатирале затекнатата состојба а се изјасниле за ненадлежни да дадат мислење за штетноста на складираниот медицински отпад по здравјето на вработените. Пријавителот на настанот се обратил и до Македонскиот полициски синдикат за поддршка и помош при решавање на овој проблем но овој Синдикат досега не превземал никакви адекватни и навремени мерки за правилно решение на проблемот иако согласно Колективниот договор тоа им е обврска во делот заштита на здравјето на вработените. Затоа се обрати до нас – СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА со верба дека некој конечно ќе биде на висината на задачата и во рамките на своите права и должности конечно ќе го реши овој сериозен проблем. Синдикат на Полиција во Македонија со акт 18-62 од 14.09.2020 година се обрати до Директорот на Бирото за јавна безбедност со предлог, заеднички да се изнајде решение, но тој во законски предвидениот рок не не удостои со одговор, велат од СПМ.
Од таму додаваат дека иако сите одговорни лица во МВР се запознати со постоечкиот проблем, до сега никој не ја сфати сериозноста при ракувањето со опасни материи и инфективен материјал и потребата од воведување протоколи во работата.
-Имено, во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења се работи со хемиски и биолошки агенси кои имаат висок степен на токсичност, канцерогеност и инфективност, како и присуство на високо експлозивни материи а не се спроведени минимум стандарди од пропишаните мерки за заштита и создавање безбедни услови за работа. Меѓу другото во овој Оддел до сега не е извршена проверка на амбиенталните услови во работните просториии, (вработените работеле во просторија уредена за сосема друга намена каде имало недоволна природна вентилација, уредена со звучна изолација и два реда прозори кои не можат да се отворат целосно а е визуелно поврзана со прозор кон просторијата каде е складиран медицинскиот отпад, клима уредот не бил во функција а температурата во просторијата била неподнослива исто како и реата која се ширела од медицинскиот отпад) ниту проверка за микробиолошка и хемиска контаминација. Обврзувачката Изјава за безбедност која според Законот од 2009 година наваму треба да ја изработи работодавачот и даде на увид на вработените, до сега не е јавно декларирана пред вработените или воопшто не постои!!! Упатство за работа, протоколи и обука на вработените, како се ракува со инфективен материјал, судејќи според воспоставената секојдневна практика, најверојатно е несоодветна или не постои, стои во нивното соопштение до јавноста.
Од таму додаваат дека денес акцентирме на проблем кој е актуелен и високо ризичен поради пандемијата со КОВИД-19, а воедно со несоодветно чување на медицински инфективен отпад (букални брисеви, предметен материјал со траги од крв и телесни течности, па дури и храна…) од август 2019 година во канцеларија а не во посебно опремена и стандардизирана просторија за таа намена -собирно место како што налагаат протоколите за складирање на медицински отпад и не подолго од 24 часа. Поради рекцијата на вработениот во ОКТИВ кој бил директно изложен и најблизу до изворот на зараза, по неколку месечно апелирање до одговорните служби во МВР, во јуни 2020 година по налог на началниците во ОКТИВ, извршен е нестручен и небезбеден транспорт на медицинскиот отпад, со што ги изложиле вработените на поголем ризик а, отпадот повторно е складиран на несоодветно место – во подрумските простории во зградата!!!!!
-Отпадот се уште би требало да се наоѓа таму (доколку не е потајно отстранет), заканувајќи се по здравјето на вработените. Во Министерството не постои одговорно лице за безбедност и здравје при работа (само онака постои и е уредено во Колективен договор на МВР), а работодавачот не чувствува потреба да повика компетентни служби кои ќе извршат инспекциски надзор, ќе ги санкционираат прекршителите и одговорни лица за неодговорно работење и предизвикување опасност по здравјето и животот на повеќе од 100 вработени кои имаат работни простории во зградата и конечно да се спроведат протоколи за работа и да се почитуваат законските норми за работа со опасни материи. Како Синдикат цениме дека веќе е пропуштено многу време за отстранување на овој проблем, опасноста од инфекција со заразен материјал е голема дури и од секојдневните рутински активности и согласно наведеното ЈАВНО ја повикуваме Санитарната и Трудовата инспекција да извршат надзор, да ги констатираат настанатите пропусти, да ги санкционираат одговорните лица и изнајдат системско решение во услови каде не се имплементирани елементарните законски норми за заштита и здравје при работа, велат од СПМ.