Разликата во обуката некогаш и сега е многу поразлична и во квалитет и квантитет. За да направите дистинкција помеѓу некогашната едукација и сегашната мора да ги погледнеме резултатите од работењето на полицијата некогаш и сега, велат од Синдикатот на Полиција во Македонија.
-Луѓето кои конкурираа за прием во безбедносните служби тоа не го правеа само за да обезбедат лична егзистенција, туку и патриотизмот беше нивниот мотив.. тогашните проверки, односно прибирањето на информациите за кандидатот се барани од повеќе извори се со цел да бидат објективни, а чесноста на кандидатот била врвен приоритет!
Денеска сведоци сме на распад на моралниот систем, моралните вредности се на најниско можно ниво, а со самото тоа и критериумите се на незавидно ниво. Потребата за зајакнување на системот во вработувањето и во унапредувањето врз основа на вредности и на заслуги е повеќе од очигледна и истовремено нужна за поттикнување на професионализмот, компетентноста и на сервисно ориентираната филозофија на функционирање на МВР и на Полицијата.
Недоследното применување на принципите при селекцијата, вработувањето и системот на кариера во МВР и во Полицијата, придонесува за создавање сомнеж и за намалена доверба кај потенцијалните кандидати, вработените службеници и граѓаните за организациските вредности и принципи на полицијата.
Министерството и полицијата немаат стратешки определби за привлекување кандидати за полициски службеници кои ќе имаат што е можно повисок степен на образование, подобар квалитет на стекнато образование, разновиден профил на квалификации и на вештини.
ПОРАНО МИНИСТРЕ СПАСОВСКИ БЕШЕ ЧЕСТ ДА БИДЕШ ПОЛИЦАЕЦ. ДЕНЕС ТОА ПОВЕЌЕ НЕ Е СЛУЧАЈ. “Задоволната полиција” што секојдневно само на хартија ја креираш, го потврдува напишаното. Затоа сега ќе правиш и спотови и “ќе молиш” да ти се пријават. Кандидати се повеќе и повеќе ќе нема….почитуван….
И да…. ЖАЛНО Е ШТО И ПОСЛЕ 6 ГОДИНИ ТВОЕ ВЛАДЕЕЊЕ ЗНАЕШ И УБЕДЕН СИ САМО ДЕКА ПОСТОИ СПЕЦИЈАЛНА ПОЛИЦИЈА И СО НЕА СЕ ФАЛИШ.
КАДЕ ТИ Е ПОЗОРНИКАРОТ, КАДЕ ТИ Е ОБИЧНАТА ПОЛИЦИЈА, ЗАР ТАА НЕ Е ЗАДОВОЛНА? Кога со неа ќе се пофалиш⁉️
ЖАЛНО НО ВИСТИНИТО!, стои во нивното соопштение.