вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СПМ: Што се случи со стандардот и квалитетот на животот на припадниците на МВР?

СПМ: Што се случи со стандардот и квалитетот на животот на припадниците на МВР?

Најнапред- КАТАСТРОФА! Тоа се случи со квалитетот и стандардот на животот на припадниците на МВР!!! Квалитетот веќе не е нити под знак прашалник туку не постои. А и како би постоел квалитет кога еден полицаец не може денес нити месецот од 1-ви до 1-ви да го спои со трошките од плата која ја прима, наспроти поскапувањата, инфлацијата, казните, неисплатени надоместоци, кратењето на примањата незаконски? Како да оценуваме квалитет кога немаме за живот, стои во Фејсбук статусот на Синдикат на Полиција во Македонија.

– И статистички е покажано дека само во последнава година, трошоците за живот се зголемени од 20 до 30%, ако не и повеќе, а нашите плати се замрзнати на нивото од 2007-ма? Среќа наша што имаме некакви додатоци на тоа што го оправдуваат ризикот по живот (донекаде и НЕ ЗА СИТЕ ), во спротивно ќе бевме на ниво на комшиите во 80-тите години од 20-тиот век. Да ПИТАМЕ по улици и патишта…Но тоа не изгледа така кога настапува нашиот најсакан и едимствен Министер спасител! Од неговите изјави може да се заклучи дека ние во МВР уживаме во неговата задоволна, унапредена, професионална полиција. А тоа што не сака да го каже и да го признае е повеќе од очигледно. Веќе и малите деца знаат дека МВР остана единственото министерство со замрзнати плати, без покачувања. Немало потреба бидејќи платата била во согласност со законите?! Според кого? Ајде можеби Министерот не знае математика и економија, ама има цело јато “такозвани самонаречени експерти” околу него кои се задолжени за тоа. А можеби и нив не ги бива па затоа 15.000 за сите нив е 23.000? Или беа 26.000? Па кој да запамети покрај толку пропаганда и манипулации? Ако тоа е малку, недоволна причина за нула квалитет, ете да прашаме зошто незаконски се скратуваат надоместоци? И тоа после пофалбите за исклучителни резултати, покажана професионалност …дрн дрн дрн… Заради кратковидост на јатото експерти, најверојатно, дневниците за службено патување на колегите им се скратени на 20%. Заради обезбеден оброк!!! Ајде бе?! А остатокот од ставот во тој член не знаат да го прочитаат каде стои “ ако е обезбедена ХРАНА И ПРЕСТОЈ…”?! И затоа, после искористувањето на капацитетите на МВР, УСПЕШНО, дневницата од 2000 денари е заменета со 400 денари! Е браво, бе, заштедивте во касата! Од потта и повредите на полицајците!! Алал да им е ( читај АРАМ)! Ама и тоа е малку. За да си го пополнат времето, да си ги оправдаат испотените од седење фотељи во внатрешна контрола, смислуваат 1000-ници начини за гонење и заканување на колегите и спроведуваат незаконски дисциплински постапки, се појаснува во нивната објава.

СПМ посочува дека потоа следувале казните, од еднаш 15% ( ако е роден на празник колегата ) до 6 пати по 15% ( најчесто ).

– И тоа се за потешко кршење на работна дисциплина!? Па ако е така, господине Министер, каква е таа професионална полиција со која сефалиш, ако половината од нив ги расчеречивте со дисциплински???? Вака ли се исполнуваат ветувања дадени уште 2015-та, господине министер? И тоа ни повеќе ни помалку, туку во Програма за твојата партија!!! Малку било и тоа. На сите овие трошоци, давачки а плата на која не ни завидуваат нити во Конго повеќе, полицајците се распоредуваат надвор од местата на живеење. И за тоа, НОРМАЛНО ЗА МВР, не им се исплаќаат трошоци за пат. Патот си го плаќа полицаецот.За потребите на МВР! Освен ако има среќа да има автобуска линија, која ќе го чини и по 2,3 саати плус од работното време, за кое, НОРМАЛНО ЗА МВР, не се плаќа. И што е најинтересно, јатото експерти повторно ја покажува својата кратковидост. Поимот Организациона единица го измешале со место на живеење. Игнорирајќи го законот за живеалиште, “тикварите” го убедиле министерот дека полицаецот неживее по лична карта, туку по надлежност на СВР каде работи?! Значи, колегата кој живее Прилеп, а работи во Ропотово, у ствари живеел Ропотово?! Тој што живее Велес, а работи Чашка, у ствари живеел во Чашка? Извини, гоподин судија, не сум знаел дека живеам во друга општина. И ова го вети, господине Министер!! Вети дека полицајците ќе работат, ќе бидат РАСПОРЕДУВАНИ во место на живеење. А подели 1000-ници незаконски решенија со кои распореди колеги надвор од место на живеење!!! И се уште распоредуваш, иако со решенија од Државен трудов инспекторат и бројни судски решенија ТИ ДОКАЖАВМЕ дека се незаконски!!! И сега за стандардот на живеење на вработените во МВР⁉️ ШТО БЕШЕ ТОА СТАНДАРД НА ЖИВЕЕЊЕ, запрашаа од синдикатот.

– Тоа нешто споменуваа постарите колеги кои отидоа во пензија, имало нешто такво до кај 95-та, 96-та, кога можело да се издржува цело семејство со една плата. Кога не било во прашање дали ќе се оди на одмор, туку каде и кога? Кога не било проблем да го наполниш резервоарот со гориво и да се летни на викенд на скара? Министер, ова со стандардот ќе чекаме ТИ ЛИЧНО да ни го објасниш на сите, бидејќи ти го вети одамна.А ние до ден денес немаме поим што е тоа, шпанско село е тоа за нас!!! А за едно си во право, министер, полицијата е сервис на граѓаните. Но за оние граѓани за кои ТИ ќе одлучиш! А не за сите, да сме јасни. И во твој стил, одговорност мора да има! За неисполнети ветувања, за манипулации, за неисполнети обврски, за непочитување на закони. Внимавај на тоа јатото околу тебе, ќе те повлечат на дното и нема ни да те погледнат! Во меѓувреме, ако си заборавил еве ти еден успомен од времето кога “СЕ” правеше за да дојдеш таму каде што си сега..а потоа заборави за жал. СПМ ќе потсетува да не се заборава….(иако е касно веќе, се претера), се додава во Фејсбук постот.

Најнови вести