сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СПМ со честитка до македонската Полиција по повод денот на Полицијата

СПМ со честитка до македонската Полиција по повод денот на Полицијата

“ Животот на една личност започнува со идеи, слики, поими за иднината и тоа како се гледа себеси во таа иднина.Полицаецот во таа приказна се раѓа во фантазијата на едно дете каде истиот е еквивалент на супер херој-оној кој им помага на немоќните, закрепостените, омаловажените и обесправените. Иако нема никаква слика во поглед на тоа како би изгледало тоа, најреалната претстава е средбата со еден полицаец.Таа идеа за едно дете станува реалност кога се зачекоруваше во Центарот за обука во нас.Идризово, поранешно Средно Полициско училиште.

Од првиот до последниот ден, 20-ти Мај, подложен на физички и психички “тортури” кои имаа за задача да го скршат, обноват и одново да го изградат тоа дете, во индивидуа која ќе биде пример за чесност, пожртвуваност, интегритет за секој граѓанин на Републиката но и за жал спас, подршка, заштита за неодредена група на граѓани. Во кратки црти- слика и прилика на Републиката, столб на интегритетот на Државата, секојдневно со насмевка облекувајќи ја униформата во пресрет на задачите, горделиво дочекувајќи ги граѓаните со сите нивни проблеми, замерки и поплаки, пофалните и благодарни гестови на секој чесен граѓанин…..”

…..Се присетува човекот кој гледајќи во огледалото после повеќе од 20 години активна служба, забележува дотраено палто, крпени пантолони и чевли кои не наликуваат нити на бескуќник, израз на лицето кој вели “ Каде бе брат?”, без морал за работа, без желба за работа, со очекување на следното “Неспособен, Неписмен, глуп…” и многу други епитети од “ Подобни послушници” кои немаат нити П од професионалност или Полицаец. Од истите оние кои институцијата Полицаец ја замениле со “ професија” рекетар, изнудувач, тендераш, послушник-ПОДОБЕН!!!

А не така одамна, истиот тој “неспособен”, самоволно, без притисок и за она за кое бил обучен и спремен, за ИДЕАТА за интегритетот и неделивоста на Републиката,за ЗАКЛЕТВАТА која ја дал и потпишал со своја рака, застанал на браникот на државата без притоа да мисли на својот живот, дал се од себе за таа ИДЕА. И не застанал само на тоа, туку секојдневно, неуморно продолжил да го пренесува своето искуство и знаење на идните, младите и надежните генерации кои треба да го продолжат неговото, нивното. Но, како што рекле старите “Домашниот есап на пазар не излегува.”, така и за него.

👮🏼‍♀️👮‍♂️Еден обичен работен ден на Полицаец денес, започнува со антагонизам, неподносливост кон работата, без надеж дека ќе има подобро утре, заборавен од сопствената институција каде работи, но сепак со доволно елан да ја заврши задачата која му е доделена.Но дали тоа треба да биде така?Дали Полицаецот во очите на тоа дете, граѓанин треба да делува незаинтересирано, непристапно, неодговорно….На што би се должеле таквите карактеристики на еден Полицаец денес?

Објаснувањето е просто и едноставно- институцијата која е задолжена да се грижи за него не го прави тоа, не се интересира за неговата добробит туку само за она кое претставува во нивни очи-алатка за присила и контрола. За жал, денес, граѓанинот гледа на Полицаецот како АЛАТКА, благодарение на политичката, етничката, финансиската, моралната и етичката злоупотреба на институцијата МВР од страна на поединци.Полицаецот никогаш досега не бил повеќе злоупотребуван и злоставуван од сопствената институција која е земена во заложништво заради политички и мноштво други пориви.Денес полицаецот излегува од својот дом знаејќи дека го чека притисок, закани, омаловажување од надредените, но не може ништо против тоа. Системот на хиерархија забранува и санкционира непослушност, непостапување по наредба.Иако голем дел од тие наредби се незаконски, неиздржани, полицаецот нема каде тоа да го образложи и појасни.Бидејќи и оние кои треба да се грижат за внатрешна контрола во самиот систем на таa институција се “подобни и послушни”.

“Наредбата мора да се изврши и старешината е секогаш во право. Ако нешто не е јасно, сети се на првото правило!!!”

Но дали тоа требада биде така, дали Полицаецот треба да биде слеп и глуп и глув, дали Полицаецот треба да биде Послушник и Подобен???
И враќајки се од смената која се чинела како вечност, психички и физички исцрпен, човекот “позади полицаецот” го здогледува сопственото возило, нерегистрирано, со кое треба сопственото семејство да го однесе на викенд во Охрид, платен на еден куп рати во замена за одмор, заради “големата” плата која ја прима за се досега и првата мисла што му паѓа на ум е дека Ќе плати и казна, а ќе биде и Дисциплински казнет заради тоа што направил прекршок!!!

Потврдено-Полицаецот секогаш плаќа два пати‼️

Но, и покрај сето тоа, Полицаецот ја става својата капа, ја остава својата гордост, своето ЈАС, својата личност на прагот од својот дом и излегува да биде во Служба на граѓаните на Републиката иако тоа денес значи “послушност и подобност”. Бидејќи суровата реалност денес не му дозволува да биде она за што дал и заклетва-Полицаец, чувар на редот и мирот, слуга и извршител на Уставниот поредок на Републиката!!!
Дали ова личи на реалност во една држава која се стреми кон Европски систем, Европски вредности, Европска иднина?Дали ова е слика на Полицаец?

Затоа, бидете му лути на Полицаецот, на институцијата, на системот кој создал и претставил ТАКОВ Полицаец- но не бидувајте лут и огорчени на човекот позади Полицаецот бидејќи и тој е само човек, како Вас!!!
НЕКА Е СРЕЌЕН 7-ми МАЈ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА

Фејсбук статус на Синдикат на Полиција на Македонија

Најнови вести