сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СПМ со споредба: Чулев наспроти Спасовски, како беше а како е сега!

СПМ со споредба: Чулев наспроти Спасовски, како беше а како е сега!

Синдикатот на Полиција во Македонија преку својата официјална Фејсбук страница сподели објава во која направи споредба на состојбата со МВР, вработените како и нивните права во времето кога министер беше Наќе Чулев и сегашното МВР на чело со Оливер Спасовски.

Нивниот текст ви го пренесуваме интегрално во продолжение:

„2 години по остварената прва средба во Кабинетот на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев официјално беа прифатени нашите барања кои се однесуваат на одбитоци на плата за чланарината со цел нормално функционирање на синдикатот.

2 години од тогаш ветеното на Министерот Чулев да ја реализираме вистинската идеја ПОЛИЦИЈАТА да биде институција над институциите што тогаш ја поставивме. Институција во која сите ќе бидат ценети и задоволни од својот работодавец, институција која ќе не почитува како нејзини претставници и најважно од се институција која е должна најпрво да ја врати изгубената доверба на Граѓаните во Полицијата а потоа ДОСТОИНСТВОТО.

Господин Министер Наќе Чулев тогаш ни укажавте чест и почит и согласно дадените насоки Ви се заблагодаруваме за превзмените мерки за полесно функционирање на Синдикатот.

Тогаш јасно укажавте и се надеваме дека ќе се придржувте до искажаното професионалците да не бидат во никој случај казнувани туку заштитени, заеднички да ги отстраниме сите можни закани и сомнежи на сите оние кои професионално си ја извршувале функцијата, ниту еден припадник на МВР да не се дозволи да биде изложен на политичкиот елитизам.

Секој кој ја вршел и ја врши својата функција чесно и достоинствено да биде заштитен и повеќе никогаш да не се дозволи никој ама баш никој да гази по животот и мирот на институцијата ПОЛИЦАЕЦ.

Ваквиот гест Господине Министер и примената на овие цели за нас беше доволен доказ дека Вашата намера е искрена и реална а за сите останати доказ дека веќе сме на патот кон Европска Македонија.

Тоа беше 2020 година. А како е сега, две години потоа со највиртуелниот, најдобриот, најработливиот, најекспонираниот, најрекламираниот, рекордерот за издавање на илјадници незаконски решенија….или на кратко кажано другарот на “единствениот” док Маце.

Значи наместо да биде поинаку, во “ерата” на Спасовски Оливер како Министер:

Професионалците се газени и понижени,
Се поставуваат непрофесионалци на високи позиции,
Се поставуваат поединци со несоодветно образование,
Илјадници незаконски решенија надвор од местото на живеење,
Поднесени се стотици неосновани дисциплински со мерки 1 степен подоле,
Вознемирувањето/МОБИНГОТ на раководителите е на највисоко ниво до сега,
Нарушени меѓучовечки односи како никогаш до сега,
Нема никаква обука за полициските службеници,
Потпишан Колективен договор, еден од НАЈЛОШИТЕ ДОСЕГА чии последици допрва ќе се почуствуваат,
Нема никаков СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ освен едговиот единствен “привезок” од МПС кои умеат само да се сликаат и гугуткаат и ништо повеќе…
Полицајците јадат конзерви, додека во Кавинетите на Министер и Директор индиски ореви, бадеми и лешници….
Има уште многу…Но „секое лошо, за добро е, што и да е ќе помине“. Ќе поминете и Вие двајца

КОГА НЕПРАВДАТА СТАНУВА ЗАКОН, ОТПОРОТ СТАНУВА ДОЛЖНОСТ, ДОСТА Е, ПРЕТЕРАВТЕ!“

Најнови вести