четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СПМ: Со трето-одделенската изјава Ковачевски открива дека не ги разбира ставовите на опозицијата

СПМ: Со трето-одделенската изјава Ковачевски открива дека не ги разбира ставовите на опозицијата

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека со трето одделенската изјава премиерот Ковачевски открива дека не ги разбира ставовите на опозицијата, ги омаловажува и понижува.

Социјалистичката партија на Македонија и Коалицијата “Обнова на Македонија” имаат цврсти државнички ставови што ги застапуваат и бранат на кои тој не им е дораснат.

Како потврден непочитувач на својот народ и држава Ковачевски ги упростува нештата за нему да му станат појасни, а со тоа покажува дека е несоодветен за позицијата на која се наоѓа. Тој свесно го уништува достоинството и гордоста на Македонскиот народ и се гордее со тоа што им слугува на ДУИ и на бугарските империјални барања.

Манипулирајќи со релните состојби и лажејќи го народот за факти, Ковачевски упорно тврди дека се водат преговори со ЕУ и само што не сме влегле во сојузот.

Тој бара опозицијата да учествува во процес за уставни измени кој е нелегитимно започнат и за кој има надлежни органи утврдени со Уставот и законите. Процес кој уште минатата година со игнорирањето на опозициските ставови и барања, но и со нејзиното лишување од елементарни информации, е осуден на неуспех, за што исклучива вина има власта и самиот Ковачевски.

Тој и сега не го почитува уставниот поредок и работи против него. Безочно лаже дека се е легитимно, а всушност ниту тој ниту власта имаат мандат и легитимитет да вршат промени на Уставот и на изборниот закон.

Со ваквиот однос нелегитимниот премиер го руши системот на државата и ги подјадува темелите на уставното одлучување, за што тој мора да одговара. Немоќта да ја убеди опозицијата да гласа за неговите бугарофилски ветувања го прави смешен и со насилничко однесување за промена на уставниот поредок.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оваа ненародна корумпирана власт и Ковачевски мора што поскоро да си одат за да се изберат лојални граѓани и патриоти кои ќе се грижат и ќе ја браната државата Македонија и нејзините интереси.

Најнови вести