Синдикатот на полиција во Македонија денеска од пред СВР Велес објави дека Собранието го усвоило нивното барање предложено од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на надоместокот дневница за службено патување.
-Почитувани преставници на медиумите, почитувани наши членови, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи,
Со особена чест денес 11.12.2021 година пред просториите на СВР Велес сме тука да соопштиме и презентираме убава вест за вработените во Министерството за внатрешни работи🎯
Веднаш да напоменам за да не бидам погрешно сватен, барање за оставарување за подобри права во Полицијата беше испратено на неколку места писмено односно на неколку политички партии. Но тоа не е битно.
Имено по претходно доставено барање до пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ а од нивна страна проследено до Собранието на Република Македонија, вчера се усвои можне значаен анандман за сите вработени во Министерството согласно законот за извршување на буџетот за 2022 година.
🎯✔Сите знаеме дека претходно од 01.01.2021 година со Законот за извршување на буџетот за 2021 година дневницата за службеното патување беше во износ од 700 денари ако патувањето беше над 12 часа односно 350 денари ако патувањето траеше до 12 часа. Со тоа вработените беа обесправени заради не земањето на додатоците.
✔Но сега веќе нема да биде така. По Барање на Синдикат на Полиција во Македонија соопштуваме дека Собранието го усвои нашето Барање а тоа е следното:
⚠️Од 01.01.2022 година надоместокот – дневницата за службено патување- днeвница наместо досегашните 700 денари ќе биде 2.000 денари и дневницата која до сега беше 350 денари после нова година ќе се исплаќа во износ од 1.000 денари.
Благодариме на тоа што конечно сме разбрани и сватени во борбата за подобри услови и права во Полицијата, но исто така гневни сме што наместо Министерството за внатрешни работи, Собранието е тоа што почна да се грижи за подобрување на правата на вработените. Со здравје да се трошат парите од дневниците. Не застануваме тука во синдикалната борба. Синдикат на Полиција во Македонија ќе продолжи да биде коректор за сите креирани лоши политики на Министерството и во 2022 година.
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ ✊🇲🇰🇲🇰🇲🇰, стои во нивниот пост на Фејсбук.