понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

СПОЕНИОТ ВИКЕНД НАПРАВИ ХАОС: Меѓузоната на граничните премини Богородица и Евзони полна со возила (ВИДЕО)

СПОЕНИОТ ВИКЕНД НАПРАВИ ХАОС: Меѓузоната на граничните премини Богородица и Евзони полна со возила (ВИДЕО)

Продолжениот празничен викенд утрово ја обнови сообраќајната гужва на македонско-грчката граница како од деновите на шпицот од туристичката сезона.

Од дежурната гранична служба за МИА рекоа дека за излез од земјава се чека од 15 до 20 минути поради обавување на задолжителната проверка на документите, но и тоа дека чекањето го диктира грчката страна поради која во моментот е бавна во обавувае на формалностите поради што двете граници се споени со возила.

Нашите гранични службеници не можат да проценат колку време е потребно да се мине грчката граница, но затоа потврдија дека на наша страна во моментот функционираат пет сообраќајни ленти за автомобили и една за автобуси и камиони.

Моменталната состојба на границите во Македонија можете да ги погледнете ТУКА.

Најнови вести