Дивите нарциси ги красат ливадите во Лазарополе. Нарцисот цвета помеѓу средината на мај и средината на јуни. Во овој период од годината, единствениот фестивал на нарцисот се одржува на падините на селото Лазарополе, во Националниот Парк Маврово.
Фестивалот на нарцисот „Лазарополе Цути“ 2023 започна вчера со собир на голем број граѓани кои уживаа во традицијата и природната убавина.
Со македонски ора и песни, среде селото, беше одбележан фестивалот.
Манифестацијата „Лазарополе Цути“ ја поврзува локалната лазоропроска традиција со природната средина и претставува механизам за афирмација на селското културно наследство – нематеријално и материјално.
-Самиот настан се одржува со цел да се заштити и подобри животната средина, да се заштитат ливадите со нарцис – ендемски вид влажни ливади, да се зачуваат природните убавини, да се заштитат природните животински и растителни природни ресурси, да се заштити животната средина како и вид на учество во поддршка на одржливиот развој, развој на туризмот, поттикнување и зачувување на старите занаети и нивно користење како потенцијална туристичка атракција се насочени кон обезбедување на нашата иднина, велат од организацијата.