четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спорт Лаиф обезбеди 2 нови медицински апарати за КАРИЛ

Спорт Лаиф обезбеди 2 нови медицински апарати за КАРИЛ

Со акцијата „Голови за победа, голови за радост „SportLife“ го претвори секој гол на македонските ракометарина СП, во донација за хумани цели.

Со хуманата акција „Голови за победа, голови за радост“Sport Life обезбеди средства кои ќе бидат донирани за набавка на два нови премиум монитори за виталните параметри кај пациентите за  потребите на КАРИЛ-Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

На светското ракометно првенство, од 10-ти до 27-ми јануари, „Sport Life“ навиваше заедно со сите нас, притоа наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2000 денари, на кој начин се достигна до износот на донацијата и истиот се заокружи на 400.000 денари. За постигнатите голови на македонските ракометари може да се потсетиме и на следниот линк: https://sportlife.com.mk/golovizaradost

Целта на Спорт Лаиф беше преку оваа хумана акција да придонесе кон она што е најпотребно и најважно за сите нас – здравјето, и во таа насока по пристигнување на опремата, во соработка со претставницитена Министерството за здравство,истата ќе биде врачена наклиниката за КАРИЛ.

Најнови вести