Главниот проект на СДСМ во спортот, се распадна како кула од карти! Спортистите нема да ги добијат ветените пари од фирмите со помош на државата! Планираат ли Заев, Спасовски или Каевски да ја известат јавноста, федерациите, клубовите и спортистите дека Владата, преку УЈП го прекина и ПОНИШТИ овој нивни врвен изум?, прашуваат од Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека објавуваат кризни мерки за спортот, без да објават колкав е опфатот и износот на помошта, ред е да објават, дека балонот пукна и дека спортскиот ваучер за годинава пропадна.