Асоцијацијата на спортски обложувалници соопшти дека откако Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе новите мерки за заштита од Ковид-19 со кои, меѓу другото, се скрати работното време на угостителските објекти до 18 часот, согласно истите, ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот.
– Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денеска по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалоци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме, истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните.
Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19 часот. Како и досега, Асоцијацијата на спортски обложувалници апелира на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет. Повеќе информации за Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб страницата www.asom.org.mk , стои во соопштението.