Власта и опозицијата на денешната речиси двочасовна сообраниска расправа ги спротивставија ставовите околу продолжувањето на кризната состојба.
Според министерот за економија Крешник Бектеши, целта на продолжувањето е да им се помогне на граѓаните, стопанството и институциите, а според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, целта е нетранспарентно да и се префлраат пари на РЕК Битола
-Состојбата е многу критична, цената на струјата е многу висока и за домаќинствата и за стопанството и допрва ќе расте. Во моментов имаме голем проблем што не работевте на ископ на јаловина и затоа денес имаме енергетска криза. Целта на продолжувањето на кризната состојба е да се овозможи кражба на државни пари преку РЕК Битола, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија во текот на дискусијата неколку пати го повтори ставот дека Владата нема никаков план за надминување на кризата, ниту знае колку пребродувањето на кризата ќе ја чини земјава.
Министерот Бектеши повтори дека Владата презема навремени и соодветни мерки. Обезбедени се, рече, 250 милиони евра за справување со кризата, а ВМРО-ДПМНЕ може да даде поддршка за обезбедување и на 100-те милиони евра заем од ЕБРД за АД ЕСМ.
Одговорајќи и на пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ Јадранка Поцкова која ја нагласи потребата од поддршка конкрфетно во туристичкиот сектор, Бектеши рењче дека помошта за стопанството ќе биде сразмерна, во сите сектори.
-Поддршката е предвидена за индустријата како целина. За хотелите знаете дека имаат помалку од 20 вработени, дека остваруваат до два милиона евра прход и дека многу од нив се снабдуваат на регулираниот пазар, истакна министерот.
Во почетокот на седницата која почна со задоцнување, Бектеши апелира Мицкоски јавно да ги каже контактите за поевтина набавка на енергенси или да ги донесе кај него, во Министерството за економија. (МИА)