Лицето Фуркан Фета, вработен како советник во Собранието на Република Македонија, според објавата на социјалните мрежи е еден од оние кои не можеа да ја сокријат личната среќа од смртта на академик Блаже Ристовски, објави Лидер.
Тој во реакција на веста за смртта на академикот напишал “Цркнал конечно”.
Со тоа, Фета ги прекршил и моралните кодекси, но и кодексот за однесување во јавноста на вработените во администрацијата. Ова особено важи за Законодавниот дом чие раководство мора да покрене процедура за утврдување на прекршување на правилата на однесување и за говор на омраза на социјалните мрежи. За говор на омраза по допрен глас може да реагира и Јавното обвинителство, објави Лидер.