Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април.
На фотографијата се забележува дека уништени се цвеќињата и свеќници, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на бранители.
Во петокот повеќе претставници на партии, организации, здруженија, МВР, Армијата и други оддадоа почит кон војниците и полицајците на место каде ги загубиле животите во 2001 година во близина на Вејце.
Плочата со имиња на загинатите припадници на безбедносните сили ја постави политичката партија Левица.
На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).