четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Срамота: Ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“

Срамота: Ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“

Ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци, информираше Борче Стаменов, човекот одговорен за голем број деца да имаат услови за следење на онлајн наставата во време на пандемијата.

-Се деси и тоа. Сабајле у 3.59 некој ги обил канцелариите на #ДонирајКомпјутер у Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота, вели Стаменов на Фејсбук.

Најнови вести