понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Срамота во Германија: Бујрум на „северномакедонски“ бурек од Кадино! (ВИДЕО)

Срамота во Германија: Бујрум на „северномакедонски“ бурек од Кадино! (ВИДЕО)

Поразувачки е кога Македонец кој отишол на саем за храна да го изеде сопствениот срам, како што тоа му се случило на нашинецот Зоран Стефановски во Германија.

– Ме изеде туѓиот срам, пишува Стефановски во својот, како што нагласува, долг пост на Фејсбук.

Придавката не е „македонски“ туку „северномакедонски“ бурек од Кадино, кој бил единствениот репрезент на Македонија на големиот саем за храна во Германија, каде што е претставена храна и прехрамбена индустрија од целиот свет.

На македонските трпези, кога ни беше менувано името на државата, домашниве готвачи не убедуваа дека е забетонирано Македонија и македонски, дека нема шанса да голтаме „северномакедонски“, но…

За да биде срамот уште поголем, покрај придавката и „северномакедонскиот“ бурек од Кадино, може да се видат и далеку порепрезентативни штандови на земји и од Африка, кои во Македонија се уште се користат како репер за ниско ниво на развој во секој поглед, пишува Македонецот од Германија.

Да не ја пишеле таа глупост, можеби и некој нашинец ќе им седнел на штандот, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи. Вака, штандот зјаел празен. Северната направија, очигледно, не е ни по вкусот на Германците, кои повеќе ги сакаат јужните предели.

Видеото од „северномакедонскиот“ срам со бурек од Кадино видете го на следниот линк на ФБ:

https://www.facebook.com/watch/?v=1589862211151812

Најнови вести