петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Србија поднесува барање до Македонија за екстрадиција на Томор Морина

Србија поднесува барање до Македонија за екстрадиција на Томор Морина

Српското Министерство за правда до Македонија поднело барање за екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК Томор Морина, потврдија од министерството за новинската агенција Танјуг, пренесува Алсат М.

Морина беше уапсен минатата недела на граничниот премин Блаце, според налогот на Интерпол. Тој се бара во Србија под сомнение дека извршил воени злосторства против српски цивили на Косово. Српското обвинителство за воени злосторства ја води истрагата против него.

Покрај барањето за екстрадиција, Србија мора да достави и документи поврзани со случајот, додека македонското судство ќе донесе одлука дека се исполнети условите за екстрадиција.

Конечната одлука по барање на Србија ја носи македонското Министерство за правда.

Од друга страна, има бројни реакции за апсењето на Морина. Покрај косовските претставници, реакции имаше и од албанските политички партии во Скопје.

Но, македонскиот премиер Зоран Заев рече дека во овој случај ќе се почитува законот.

Најнови вести