сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Србов: Брисел, Лондон и Вашингтон биле, сѐ и ќе останат наши стратешки партнери- спорот кој Грција го има со нашето уставно име се храни исклучиво од Москва

Србов: Брисел, Лондон и Вашингтон биле, сѐ и ќе останат наши стратешки партнери- спорот кој Грција го има со нашето уставно име се храни исклучиво од Москва

После денешната закана од страна на Русија, која безмалку ни се закани со војна, потребно е да се разбијат многу митови во македонското општество, а нашето партнерство со Брисел и Вашингтон треба да биде далеку посилно. Брисел, Лондон и Вашингтон биле, сѐ и ќе останат наши стратешки партнери, напиша Никола Србов на својот Фејсбук профил.

-Јавноста треба да знае дека спорот кој Република Грција го има со нашето уставно име се храни исклучиво од Москва. Русија е силата која сака да го спречи проширувањето на НАТО Алијансата и да ја држи Македонија во друштво со Србија и Република Српска. За таа цел тие се спремни да не блокираат преку радикалните барања за нашето уставно име. Механизмот за нашето блокирање го има вечниот руски сојузник – Грција. Не смееме да дозволиме нашите деца да растат во нов Крим, Апхазија, Јужна Осетија и Сирија, нашите деца треба да растат во стабилна, просперитетна и демократска држава. Оттука вашите напади кон Николовски не кореспондираат со вашите јавни заложби за чување на македонските интереси. Македонски интерес е да бидеме стабилна и просперитетна држава што го гарантираат НАТО и ЕУ, од другата страна имаме брутална сила која е спремна на поделби за да ги прошири своите сфери на интерес, пишува Србов.

Најнови вести