четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Србов: Денешните рестриктивни мерки покажуваат дека власта исклучително лошо се справувала со целокупната ситуација

Србов: Денешните рестриктивни мерки покажуваат дека власта исклучително лошо се справувала со целокупната ситуација

Овие мерки кои ги кажавте се апсолутно задоцнети со тоа што можеме само да ја видиме контрадикторноста во политиките на власта која до пред недела дена не убедуваше дека ние треба да правиме теренски попис, за денеска премиерот Зоран Заев да излезе и да каже дека состојбата е алармантна, дека граѓаните мора да се де придржуваат до мерките, дека мора да има рестрикции, а само до пред пет дена не убедуваше дека е во ред вас дома да ви влезат луѓе за да ве попишуваат кои притоа ќе поминат уште 40, 50 домови, вели колумнистот Никола Србов во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на телевизија Канал 5.

-Втора работа, Македонија е земја меѓу десетте држави со најголема смртност. Тоа не говори дека владата добро се справува со ситуацијата, туку напротив тоа говори дека владата исклучиво лошо се снаоѓа со ситуацијата. Понатаму, Македонија до сега нема набавено ниту една вакцина, се што сме добиле сме добиле како донација, пред се од Република Србија, додаде тој.

Србов посочи дека постојано кога владата ќе влезе во политичка криза вината ја префрла на граѓаните, односно како што рече тој притоа не прашувајќи се самите себеси кој тоа го воведува системот, бидејќи знаете дека народот во една држава се движи во рамките на системот кој е создаден.

-Четврта работа, постојано некој од власта и а и некои јавни личности кои се блиски до власта, истакнува како тоа народот бил неписмен, извинете на израз глупав, дека не знаел да се придржува до мерките а притоа не земајќи во предвид и не прашувајќи се самите себеси кој тоа го воведува системот, бидејќи знаете дека народот во една држава без разлика за која држава или народ станува збор, се движи во рамките на системот кој е создаден, нагласи Србов.

Власта постојано кога ќе влезе во некаква политичка криза вината ја фрла во народот, смета Србов.

Србов смета дека наместо влста пред шест месеци парите да ги троши на предизборен поткуп со делење на ваучери можела да ги сочува тие пари и да ги искористи за соодветни потреби на граѓаните, прашувајќи како ќе им се надомести штетата на луѓето кои работат во угостителските објекти кои денеска со новите рестриктивни мерки владата одлучи да ги затвори.

-Сега се затвораат ресторани и кафулиња а ние имаме стотици илјади граѓани кои живеат од тие бизнис, како ќе им се надомести штетата на тие луѓе. Ние не зборуваме за екстра профит туку за тие луѓе да можат да го преживеат тоа затворање. Наместо парите пред шест, седум месеца да се трошеа на предизборни поткупи и делење ваучери на митинзи истите пари можеа да се чуваат и да се користат за соодветни потреби, рече тој.

Најнови вести