четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Србов: Културен клуб со името на „Ванчо Михајлов“ е чиста провокација, тој е човек кој водел држава во држава и е негативна личност

Србов: Културен клуб со името на „Ванчо Михајлов“ е чиста провокација, тој е човек кој водел држава во држава и е негативна личност

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, гостуваше Никола Србов, каде во однос на отворањето на Културниот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ истакна дека тоа е чиста провокација и е многу чувствително за Македонците.

„Прашањето со отворањето на клубот во Битола со име „Ванчо Михајлов“ е многу чувствително за македонските граѓани, особено за Македонците. Бугарија со ова од политички аспект ги затвори сите врати за било каков нормален дијалог помеѓу Македонија и Бугарија“, рече Михајлов.

Тој посочи дека културен клуб со името на „Ванчо Михајлов“ е чиста провокација, бидејќи тој е човек кој водел држава во држава и е негативна личност.

-Со отворањето на културниот клуб со името „Ванчо Михајлов“ не знам дали е возможно да се разговара со Република Бугарија на еден пристоен тон, а уште помалку да се разговара за историјата помеѓу двете земји. Србов потенцираше дека сето ова води во насока на минирање на преговорите, а со тоа се минира и напредокот на Македонија кон ЕУ. „За каков пораз или победа станува тука збор кога на нас во државата ни влегува делегација од цел државен врв од соседна држава каде отвора културен клуб кои за нас е крајно негативно име и при тоа од власта кажуваат дека не се поканети па затоа не сте отишле, зарем во сопствена држава вас некој треба да ве покани?“ кажа Србов.

Најнови вести