сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Србов: Приврзаници на власта како да подготвуваат терен за одлагање на изборите

Србов: Приврзаници на власта како да подготвуваат терен за одлагање на изборите

Тоа што се случи вчера во Лондон и што допрва треба да се случи е заслуга на граѓаните и на сите влади. Но, има еден друга заврзлама, а тоа е што кај народот не гледаме прослава. Членството за ЕУ и НАТО секогаш има огромна поддршка во Македонија, но ова што се случува сега и околностите под кои се случи и Договорот од Преспа говорат нешто друго. Оваа држава градеше некаква позиција во однос на спорот со Грција, имавме двојна формула и некава позиција за неотстапување од некои правила, а сега за неколку месеци се урна нешто што се градеше 25 години. Затоа можеше на поинаков мачин да се одигра.

Ова го истакна аналитичарот Никола Србов на гостувањето на телевизија Канал 5.

Според него, се создаде една перцепција од страна на премиерот Заев и Владата, односно ја врзаа промената на името со ЕУ и НАТО.

-Но, не. Европските метрополи само ни велеа – вие имате проблем со наша членка, а ваш сосед и решете го спорот. А сега се создава перцепција дека ЕУ и НАТО не натерале да го смениме името, посочи Србов.

Тој укажа дека по ова што се случи нормално е да има еуфорија оти Македонија и граѓаните долго го чекаа членството во НАТО.

-Последниве две недели приврзаници на власта говорат дека народот не бил прашан за избори, а не знам како се прашува, нели пратениците се народни избраници. Се добива впечаток за подготовка на терен да се одложат изборите. Се говори за слаб одзив на изборите нели голема излезност не и одгоавара на ниту една влада. Кога имате опција Владата да ги одложи избори, а како изговор да ја гледа ратификацијата на Протоколот за НАТО не гледам зошто веднаш да не се направи тоа, а тоа да има одложено важење. Оттука не гледам зошто да е политикантство иницијативата Собранието да гласа веднаш за Протоколот, рече Србов.

Најнови вести