среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Србов: Слабоста на договорот од Преспа е дека освен тоа што даваме сè , ние не добиваме ништо, Грците можат да нè блокираат во кој момент и да посакаат, за било кое прашање 

Србов: Слабоста на договорот од Преспа е дека освен тоа што даваме сè , ние не добиваме ништо, Грците можат да нè блокираат во кој момент и да посакаат, за било кое прашање 

Во „Отворено“ на телевизија Алфа гостуваше поранешниот член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Србов, кој кажа дека со договорот  од Преспа  за промена на името, Македонија дава сè додека не добива ништо за возврат.

Србов истакна дека ова е катастрофален договор и дека Грција во иднина  ќе може да ја блокира Македонија за било кое прашање.

-Слабоста на овој договор е дека освен што даваме сè, ние не добиваме ништо. Грците ќе можат да нè блокираат за било кое прашање, во било кое време. Со договорот ќе треба да се вршат интервенции во нашата култура, во нашето образование. Нас комплетно целата свест ќе треба да ни биде променета за она што досега ние сме го мислеле и што сме го изучувале за нас самите, рече тој.

Србов кажа дека попонижувачко од тоа една држава да го смени името нема и дека сега сите земји  кои нè признале под уставното име, со ратификацијата на договорот ќе мора да го применуваат новото име на државата.

Најнови вести