Иако вработувањата во државните институции, среде изборна кампања, се со закон забранети во Шип во ек на кампања за предвремените локални избори се бараат да се вработат 13 разнесувачи на поштенски пратки.
Јавното претпријатие „Македонка пошта“ иако е во гуша со долгови за која власта најави и дека ќе ја приватизира, сеуште важи за згрижување на партиски војници во пресрет на изборите или постизборно.
Во конкретниот случај, станува збор за оглас за вработување на 280 лица во „Македонски пошти“ на работното место пошторазнесувачи со нето плата од 17.656 денари, чиј работен однос треба да биде на неопределено време, односно народски кажано со решение.
Порталот ММС.мк пишува дека од овие 280 нови вработувања, 13 се во Штип, град во кој во моментов се одвива кампања за избор на градоначалник.
Имено, од Македонска Пошта реагираа дека овој оглас првично бил објавен во февруари месец годинава, но дека бил повлечен затоа што ги следеле насоките и препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заради почитување на законските прописи, како и избегнување на било какво влијание во рамките на изборниот процес, имајќи го во предвид фактот дека, тогаш во Македонија беа закажани предвремени парламентарни избори.
Но, како тогаш го повлекле огласот со цел да не влијаат врз изборите, а сега за време на кампања за избор на градоначалник во Штип се бараат да се вработат 13 извршители!? Во Штип веќе е започната изборната кампања за вонредните локални избори, а во правилникот на ДКСК за пред изборен период и период додека трае кампањата стои:
„Не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случај на итни и неодложни работи. Случаи на итни и неодложни работи се вработувањата на определено време заради: замена на отсутен работник поради подолго боледување или отсуство, смрт на вработен, изведување сезонски работи за кои однапред е утврден потребниот број на лица и се обезбедени средства со годишните програми, како и вработување на наставен кадар за непречено одвивање на образовниот процес.“
Од распишаниот оглас на Македонска Пошта може да се заклучи дека 13 чиновници од Штип, кои треба да се згрижат во јавното претпријатие не се итни и неодложни вработувања за да треба да се вработат во среде изборна кампања. Тоа единство е оглас за СДСМ си згрижи партиски војници кои треба да трчаат за изборите.