Националната платформа за учење на далечина не функционира, учениците во речиси сите основни и средни училишта добија насоки да се најават на платформата денес на 28.09.2020, но платформата кај повеќето ученици воошто не функционира, а во текот на утрешниот ден треба да се одржат првите пробни часови на платформата, се наведува во реакцијата на Средношколски Глас за платформата за настава од далечина.
-Како ќе успеат првите пробни часови кога платформата воопшто не е функционално кај повеќето ученици? На официјалната страница за платформата исто така покажува дека има и мобилна верзија, но во теорија мобилната верзија не е воопшто функционална. Ние средношколците сме незадоволни од непристапноста и нефункционалноста на платформата. Образованието е право, а не привилегија и поради таа причина треба да биде достапна и функционална како и на компјутер така и на мобилните телефони. Се надеваме дека министерството ќе ја корегира нефункционалноста и недостапноста на оваа платформа, се наведува во нивната реакција.