Годината која ја испраќаме воопшто не беше лесна. Но, од неа можеме многу да научиме.
Нека останат лошите работи зад нас, а новата 2021-ва година да биде подобра за сите!
Почитувани читатели, редакцијата на КУРИР ви посакува многу здравје и среќа во годината која ни дојде како нова.
Се надеваме дека 2020-тата ни остана како лекција која мора да ја знаеме сите: Здравјето и семејните вредности мора да ги негуваме бидејќи нема поважно од тоа да сме живи и здрави и да бидат добри и покрај нас нашите најблиски.
КУРИР останува со вас, заедно да ги споделиме сите случувања, брзо и точно, како што тоа го правиме цели 10 години.
Посакуваме во новата година да имаме повеќе радосни вести, да броиме заедно повеќе успеси на сите полиња.
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА, ДА СТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ!