сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Српски „Блиц“ : Што слават Македонците? Дали референдумот навистина доживеа фијаско и што сега?

Српски „Блиц“ : Што слават Македонците? Дали референдумот навистина доживеа фијаско и што сега?

Еден ден по историскиот референдум во Македонија и едните и другите слават. И оние кои беа за промена на името на државата и оние кои го потпишаа договорот со Грција за новото име. Остана нејасно дали македонија го менува името или не? И што се последиците на контрадикторните резултати од референдумот? – пишува српски „Блиц“.

Во продолжение остатокот од анализата на „Блиц“:

Според синоќешните резултати на македонската изборна комисија (ДИК) на гласачките места излегле нешто повеќе од 34 проценти на запишаните избирачи во избирачкиот список. Тој број на излезеност не е доволен за референдумот да се смета успешен, со голед на тоа дека беше потребно да излезат 50 проценти плус еден.

Малата излезеност е причина за славење на опозицијата, која главно го бојкотираше референдумот и се радува дека референдумот пропадна. Но, актуелната власт на чело со Зоран Заев исто така слави. Нивниот повод за славење е резултат на опцијата „за“-повеќе од 90 проценти од оние кои излегле (од оние 34 проценти) на гласачките места гласале за влез во НАТО и ЕУ, односно прифаќање на договорот со Грција кој Заев го договори со Ципрас.

Првите тврдат дека тоа не е валидно, бидејќи референдумот доживеа фијаско поради малата „излезност“, а Зев споменува и вонредни парламентарни избори ако опозицијата не ја прифати „вољата на граѓаните“.

Факт е дека резултатите од референдумот не ставија точка на приказната за промена на името, тој првенствено беше консултативен.

Тоа значи дека ниту во случај 50 проценти плус еден да излезеа навистина на референдум, па дури и 100 проценти да гласаа за опцијата „за“, сагата околу промената на името не би била готова. Може да се каже дека оваа прва рунда која на опозицијата и даде ветер во грб, но и на власта има уште една шанса-измена на Уставот во Собранието.

Тоа всушност е клучниот дел на целата приказна. За договорот кој беше потпишан на 17 јуни на Преспанското езеро да заживее потребно е Македонија да го смени Уставот и договорените одредби врзани за името да ги внесе во него, а потоа грчкиот парламент да го ратификува документот кој го потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји.

Патот до таму е долг. Прво, Заев и неговиот СДСМ кои во коалицијата со албанската партија ДУИ имаат мнозинство во Собранието за измена на Уставот мора да соберат двотретинска поддршка во парламентот. Мнозинството албански партии се за промена на името, но на Заев за промена на Уставот ќе му бидат потребни и гласовите од опозицијата, ако не и од самата ВМРО-ДПМНЕ.

Тешко дека може да дојде до тоа бидејќи челниците на таа партија се силно против договорот со Грција. Дури и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов  договорот го нарече „историско самоубиство“ и одби да гласа.

ИЗВОР: „БЛИЦ“

Најнови вести