петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ССМ поднесе предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите

ССМ поднесе предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите

Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите за 78 отсто. Бараат итни измени на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во државата.

– Предлагаме порастот на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да биде на еднакви принципи без дискриминација согласно договорените принципи во Општиот колективен договор за јавен сектор и правилата за работниците да важат подеднакво за функционерите, па доколку Владата смета дека зголемување на платите од 10 проценти од септември 2023 година и утврдување на методологија за пресметка на платите по принципот просечна бруто плата и коефициент на сложеност на работното место но започнувајќи од 1 март 2025 година за работниците, истиот принцип функционерите треба да ги применат и за себе и затоа ССМ го дава овој предлог токму во таа насока на примена на еднакви принципи за платите на сите вработени во јавен сектор и избрани и именувани функционери без оглед дали тоа е на централно или на локално ниво, посочува ССМ.

Оттаму наведуваат дека ССМ во изминатиот период укажувал до сите избрани и именувани функционери дека нелогично е драстично да се зголемат платите на функционерите особено во време кога работниците, граѓаните и пензионерите се соочени со справување со последиците од економската, здравствената и воената криза, зголемените трошоци за живот – инфлацијата и растот на синдикалната минимална кошница.

Најнови вести