понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ незаконски е избркан од работа

ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ незаконски е избркан од работа

Сојузот на синдикати на Македонија денеска објави дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ Стојанче Кашински добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски.

Од ССМ, ваквата постапка на в.д. директорот ја оценуваат како спротивна на закон и на колективниот договор.

– Согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д директорот, се вели во соопштението од ССМ.

Од ССМ бараат итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријатието е надлежен да одлучува по приговори и жалби и да се укине решението за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работен однос. Од Управниот одбор бараат да утврди и зошто Митовски не ги спроведува нивните одлуки.

Најнови вести