Сојузот на синдикатите на Македонија организира голем работнички протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и работниците од работниот однос.
ССМ ги повика сите работници, синдикати и невладини организации да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, а на кој ќе се побара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.
-ССМ овој 1 Мај нема да слави, туку ќе протестира. За да славиме потребни ни се пари, а парите ни ги изеде инфлацијата. Затоа, сите работници, пензионери, младината да излезе заедно и да им кажеме на работодавачите без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор дека ни е потребно што побрзо зголемувањето на платите. Ние не лиферуваме со проценти бидејќи процентот значи за едниот работник помалку, а за друг работник повеќе. Нашата интенција како ССМ е да им помогнеме на најниските слоеви на работници со најниски плати, кажа претседателот на ССМ, Дарко Димовски.