среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И ССНМ зачудени од Владата која своеволно го толкува и се фали со извештајот на „Репортери без граници“

И ССНМ зачудени од Владата која своеволно го толкува и се фали со извештајот на „Репортери без граници“

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е зачуден од толкувањето на македонската влада на извештајот на „Репортери без граници“ за состојбата со слободата на медиумите во Македонија.

Соопштението испратено од владината прес-служба со наслов „Владата го одржува нагорниот тренд на Северна Македонија на листата за слобода на медиумите на ‘Репортери без граници’“, претставува своеволно толкување на извештајот и преземање на успесите на други организации и иницијативи на свое конто, сметаат од синдикатот.

„Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници, но тоа во извештајот на ‘Репортери без граници’ не е така нотирано“, истакнуваат од ССНМ.

ССНМ истакнува и дека работничките права на новинарите и медиумските работници се под постојана закана.

„Наши колеги се соочуваат со правна, социјална и економска несигурност, несигурност на работното место, а прекаријатот е сериозно распространет особено во дигиталните медиуми. Исто така во голем дел од таканаречените традиционални медиуми не се почитуваат основните работнички права, а во голем дел од нив на сила се директни забрани за синдикални активности што е спротивно на Законот за работни односи“, се наведува во соопштението.

Самостојниот синдикат ја поздравува одлуката на владата економските мерки за време на кризата со коронавирусот да важат и за медиумите, но напоменува дека ако оваа состојба продолжи, тие нема да бидат доволни за зачувување на работните места на новинарите и медиумските работници.

„Новинарите и медиумските работници од почетокот на кризата со коронавирусот се една од најизложените професии во земјава, извршувајќи една од најважните алки во борбата против епидемијата – правовремено и точно информирање на граѓаните. Професионалното известување е еден од најважните фактори во вонредни ситуации како оваа, а новинарите и медиумските работници професионално можат да ја вршат својата работа само доколку се економски и социјално обезбедени“, стои во соопштението.

Најнови вести