среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаиќ од „Гулф оил“ и брат на државниот секретар за финансии ја купи НОВА ТВ на Борјан Јовановски

Стаиќ од „Гулф оил“ и брат на државниот секретар за финансии ја купи НОВА ТВ на Борјан Јовановски

Бизнисменот Владимир Стајиќ близок до структурите на власта кој беше споменуван и во неколку афери, од нафтениот бизнис се шири во медиумскиот простор.Имено, Стајиќ ја купи НоваТВ Веб каде долги години работи новинарот Борјан Јовановски, пренесе Страна.

Бизнисменот Владимир Стајиќ е сопственик на компанија која се занимава со нафтени деривати „Супертрејд“, а под оваа компанија е регистриран и брендот „Гулф оил“.

Според медиумските натписи, компанијата на Стајиќ веќе во првата година од владењето на владата на Зоран Заев, добила 5,6 милиони евра од зделки со државата, добивајќи дури 38 тендери, пишува порталот.

Супертрејд во 2019 година доби милионски договор со Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Истата година се појави и скaндaлозна снимка на социјалната мрежа „Твитер“ за која се тврди дека може да се види сопственикот на бензинските пумпи „Гулф Оил“ Владимир Стајиќ како фpлa поголема cyма на долари во oгaн со кои, како што вели – „се зaгpeва“.

Најнови вести