„Пред нас е предлог на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и како што налага традицијата во овој Законодавен дом, овој закон си оди по скратена постапка. Најнапред, зошто по скратена постапка? Во објаснувањето стои дека според член 170 од Деловникот и се повикува на делот дека ова не е сложен и обемен закон“, рече Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.
Стаменкоска Трајкоска додаде дека сложеноста во овој закон е во немањето принципиелност за ваков предлог закон. А, ова е заради дадените ветувања од страна на парламентарното мнозинство дека ќе стави ред во работењето на општините. Но за да останат на власт СДСМ го ветува и невозможното само за да опстане.
„Во точка 2 од предлог законот стои дека има за цел да го олесни работењето на општините во време на КОВИД кризата. Да, треба да се олесни, но дали мислите дека поголем приоритет е да го олесниме ние животот бидејќи нели ветивте живот на граѓаните на изборите. И сега во време на КОВИД криза кога немаме вакцини, ние имаме други приоритети. Па, колеги капарот што ви го вратија од набавката на вакцините каде ќе оди сега“, ги запраша Стаменкоска Трајкоска пратениците на СДСМ.
Стаменкоска Трајкоска посочи дека со вратениот капар може да се планира како да се олесни работењето на општините.