Во целата ситуација факт е дека се почувствував навредена премногу и нема нешто што би можело да го смени тоа чувство, но исто така ме навреди немањето на реакција на колешките од власта кои се многу гласноговорни кога станува збор за женските права. Можам само да порачам тоа што Ковачевски како лошо го сервира мене ме прави посилна и похрабра да продолжам да ги извадам неговите криминали и криминалите на власта кои се случуваат, изјави за „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска кон која Ковачевски се обрати со навреди за време на собраниска седница.
Стаменкоска Трајкоска истакна дека зачуди молкот не само на пратеничките од власта, туку и на многу невладини кои знаат во други случаи да бидат гласни.
– Многу пати кажувам, мислев дека Заев е дното на некултура и криминал, а ова верувајте изненадува колкаво дно е Ковачевски. И да каже дека погрешно сум разбрала, а и јавноста може да види, исчистен е звукот, кристално јасно е и што да се каже повеќе. Молчат многу невладини, дури и неговата политичка партија, изјави Стаменкоска Трајкоска.
Во врска со собраниската седница на која таа беше навредена од Ковачевски, Стаменкоска Трајкоска изјави дека ја обвинуваат опозицијата за нивото на дебата, а факт е дека тоа ниво го поставува власта, односно Ковачевски врз основа на чиј говор се дебатира на истата.
– Ја обвинуваат опозицијата дека нивото на дебата е ниско, а нивото на дебата кој го поставува? Тој што прв зема збор, ние дебатираме врз основа на тој што прв зема збор односно врз основа на говорот на премиерот. Тој излегува да зборува за неговите кандидати кои се наметнат, но не зборува за нив, туку за опозиција, за ветар и магла и ништо повеќе. Како да очекуваат дека ние треба да бидеме глуви и слепи да зборуваме за кандидатите? За кои кандидати, само име и презиме се даде, истакна таа.
Стаменкоска Трајкоска изјави дека Ковачевски во своите говори нити кажал зошто ги разрешува министрите, ниту какви кандидати нуди за замена.
– Во Собранието, излегува Ковачевски на говор во кој на пратениците треба да им разјасни зошто ги разрешува министрите, а тој има говор во кој ниеднаш не се користи зборот разрешување. И вториот пат кога требаше да ги именува министрите, во многу мал дел и само со име и презиме ги кажа и само тоа беше поврзано со темата. Прашањето е како се донесува првиот, ефектот го добиваме понатаму. Не може Талат Џафери да бара од мене да се држам до темата, а неговиот премиер не се држи до темата, изјави Стаменкоска Трајкоска.