петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Административците не ги земаа 5% покачување на платата

Стаменковска: Административците не ги земаа 5% покачување на платата

Денес сме 2-ри Октомври, а административците не ги земаа 5% покачување на платата. Впрочем и во многу институции не се исплати ни редовната непокачена плата. Владее целосен хаос, истакна Невенка Стаменковска Стојкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Иако на седницата на Владата на РМ уште на 08.01.2019 година беше донесена Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на плата на државните службеници, деновиве, девет месеци подоцна, во „5 до 12” министерката за финансии телефонски ги известувала раководителите во институциите дека платата која е веќе во процедура за да се исплати ќе биде стопирана. Ќе превземе ли одговорност министерката за труд и социјала за несовесното работење и за тоа што цели девет месеци и беше поважно се друго освен егзистенцијата на администрацијата, рече Стаменковска и додаде:

„Во редовна собраниска процедура беше пуштен предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија поднесен од страна на министерката за труд и социјална политика беше закажан да се разгледува на комисија на 7ми октомври. По реакциите за хаосот што го предизвикаа, вчера попладне добивме известување за влегување на истиот закон во собраниска процедура но сега потпишан од група пратеници, во скратена постапка“.

До кога, запраша таа, непромисленото работење на министрите ќе се покрива преку пратениците во македонското собрание?

-Без оглед на се, па дури и во наредната недела да се донесе законската измена, со што ќе се реализира најавеното зголемување, ова е некоректен однос на државата кон вработените и за ова бараме некој од надлежните да сноси одговорност. Правата на вработените и обезбедувањето на подобра егистенција било и ќе остане приоритет на ВМРО ДПМНЕ. Без разлика на некоректниот однос на власта, ВМРО ДПМНЕ ќе учествува конструктивно во предлог измените и ќе побара покачувањето на платите наместо 5 да изнесува 10%. Наместо владата на Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање на десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците.

Најнови вести