четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Директорот на Агенцијата за администрација е со фалсификувани дипломи

Стаменковска: Директорот на Агенцијата за администрација е со фалсификувани дипломи

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, во своето гостување во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител посочи дека директорот на Агенцијата за администрација аплицирал за директороското место со фалсификувани документи.

Таа истакна дека од овој човек не може да се очекува да биде коректор на партиските вработувања во јавната администрација.

-Чудно е што човекот кој се вработи на најскандалозен начин, директорот на агенција за администрација да биде коректор на партиските вработувања во рамки на државната и јавната администрација. Еве да го потсетам министерот, но и за ваша информација директорот на Агенцијата за администрација, на денот кога се бираше во рамки на Собранието на Република Македонија како директор, имаше фалсификувани документи, фалсификувана диплома по англиски јазик, уште ја чувам дома и можам да ви ја доставам. Јас зборев на говорница во рамки на Собранието, но никој понатака не презеде одговорност, вели Стаменковска.

 

Најнови вести