понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска до Димитров: Вие сте без морал, вас ве интересираат само парите, а не интересите на македонскиот народ

Стаменковска до Димитров: Вие сте без морал, вас ве интересираат само парите, а не интересите на македонскиот народ

Македонскиот народ не доби одговор зошто вие го нарековте искомплексиран? Тоа е она што го очекувавме во најмала рака да го добиеме како одговор. Да бев на ваше место одамна од морални причини ќе си дадев оставка, но очигледно е дека вие како човек не поседувате морал и тоа ќе го поткрепам со неколку аргументи.

Потпишавте срамен договор со Бугарија, потпишавте и противзаконски капитулантски договор со Грција иако со законот и Уставот на Република Македонија го немате тоа право, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска на денешната собраниска расправа по интерпелација за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Стаменковска му порача на Димитров дека се навикнал целиот живот да го живее на сметка на македонскиот народ споменувајќи му ја стипендијата која што ја доби неговата ќерка за студии во Холандија во вредност од 40 илјади долари. Очигледно е дека ве интересираат само парите, а не ве интересира кој е интересот на македонскиот народ, односно на граѓаните на Република Македонија, кажа пратеничката Стаменковска.

Најнови вести