вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Градоначалникот на Лозово во основно училиште спроведува анкета колку пратеници ќе добие СДСМ

Стаменковска: Градоначалникот на Лозово во основно училиште спроведува анкета колку пратеници ќе добие СДСМ

Дополнителната заменик министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојкоски денеска преку објава на својот профил на Фејсбук упати обвинувања дека вработените во Општина Лозово, како што пишува, се изложени на притисоци, мобинг и деградација и упати повик тоа да го пријават во надлежните институции.

– За време на пандемија градоначалникот на Општина Лозово склучува договори за привремени вработувања кои што се 1.200 повеќе во споредба со сумата на договорите што се склучени во 2016 година, вели Стаменковска Стојкоски во изјава објавена на нејзиниот профил на Фејсбук.

Таа му порачува на градоначалникот, како што рече, „да престанат злоупотребата и партизацијата бидејќи она што се случува во Општина Лозово е да се водат селективни дисциплински постапки за вработени без никакви серизони оправдани причини“. Градоначалникот, посочи таа, не одговара за недоставување извештаи со ранг листи за годишни оцени за сите административни службеници во институциите во предвидениот рок за што Законот за административни службеници предводува глоба од 3.500 до 7.000 евра.

-Во исто време додека тој се повикува на член 8 од Изборниот законик како што вели дека не може да ми дозволи да влезам во службените простории на Општина Лозво тој во основното училиште во општината спроведува анкета за СДСМ и колку пратеници ќе добијат. Би сакала да му порачам дека секој ќе понесе одговорност за своите постапки и за ноторната злоупотереба на институциите за партиски цели. Нема да направиме компримис со основните принципи на демократијата и слободата и на избирачкото право на вработените во јавниот сектор, изјави Стаменковска Стојкоски.

Градоначалниот на општина Лозово се крие и бега затоа што знае дека одговорноста пристига на 15 јули и правда ќе има!…

Gepostet von Невенка Стаменковска Стојковски am Freitag, 26. Juni 2020

 

Најнови вести