среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Како одговор на мое прашање добив ливче на кое што се цитираат други закони

Стаменковска: Како одговор на мое прашање добив ливче на кое што се цитираат други закони

На почетокот морам да кажам дека одговорот го добив сега кога спикерот кажа имам одговор, а тоа значи дека министерот односно заменик министерот за финансии сака да направи злоупотреба на инструментот пратеничко прашање. Односно да не добијам одговор на поставеното прашање, изјави Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на седницата за пратенички прашања.

Стаменковска образложи дека не е задоволна од одговорот кој што го добила. Бидејќи во сите три прашања кои што ги постави на минатата седница на пратенички прашања. Побарала да добие копија од сите согласности кои што МФ ги има издадено во текот на 2018 година само за јавноста таа добила само едно ливче, на кое што се цитираат некои закони за кои што таа не ги побарала.

Уште еднаш ја замолувам заменик министерот за финансии бии е тука како дополнително прашање повторно да поцртам дека ги побарав сите согласности кои што ги имате издадено во текот на 2018 година бидејќи сите согласности не се на тоа ливче што го добив. А, вие согласно законот за архивско работење имате обврска како министерство да чувате копија од сите согласности кои што сте ги издале во рамките на МФ. И второто прашање на кое што исто не добив одговор е тоа да добијам информација за табеларен приказ на сите институции кои што побарале согласност од вас за вработување во текот на 2018 година, посочи Стаменсковска.

Најнови вести