недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Нема да дозволам ниту еден вработен во јавната администрација да биде жртва на партиската машинерија на СДСМ

Стаменковска: Нема да дозволам ниту еден вработен во јавната администрација да биде жртва на партиската машинерија на СДСМ

Моја чест и особено задоволство е предлогот да бидам дел од Владата за спроведување на предвремените парламентарни избори на позицијата заменик министер за администрација и информатичко општество, објави на својот профил Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатите три години власта предводена од СДСМ изврши класична партизација на јавната администрација, се вработуваа блиски и роднини на високи партиски и државни функционери на СДСМ, Македонија ја зафати епидемија на непотизам. Искусни кадри со обемни биографии беа заменети со партиски послушници на СДСМ, овие луѓе си поигруваа со човечки судбини и речиси да немаше ден кога некој со солзи во очите не раскажуваше за мобингот по државните институции.

Доаѓа крајот на притисоците, уцените и заканите врз јавната администрација. Јас нема да дозволам ниту еден вработен во јавната администрација кој животот го посветил да им служи на граѓаните, да биде жртва на партиската машинерија на Социјал демократскиот сојуз. Секој еден вработен во администрацијата ќе има шанса во демократска и фер атмосфера да го оствари своето право на глас загарантирано со Устав. Доаѓа време кога повторно ќе се почитуваат законите, правото и европските стандарди во Македонија. Доаѓа времето за обнова на Македонија.

Најнови вести