четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: Собраниските служби по партиски наредби не доставуваат архивирани амандмани

Стаменковска: Собраниските служби по партиски наредби не доставуваат архивирани амандмани

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска, со процедурална реплика во врска со амандманите кои требало да бидат доставени на седницата се пожали дека службите во собранието не функционираат без партиски наредби затоа што не се доставени амандманите коишто се поднесени.

-Писмото кое што го имате доставено до архива гласи: „ Ве известувам дека 22-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците закажана на 7-ми ноември 2019-та во 11:00часот во сала 6 се презакажува за 6-ти ноември 2019-та во 17:15 часот во сала 4, дописот е доставен во 16:30 часот“, значи 45 минути пред почетокот на седницата, вели Стаменковска.

Таа исто така истакна дека за 45 минути со затворена архива што може да се направи, таа вели дека законска обврска е на вработените во архива да примат амандмани, не да дозволуваат или да не дозволуваат. Не може вработените во архивата да не работат да пијат кафиња и да слушаат партиски наредби дали треба да архивираат или не треба, таа вели за да се иврши нешто мора да седи пратеник внатре за не ги бркаат асистентите вработените од архива.

– Ова не е ничија своина се знае кој за што е дојден во оваа институција и тука е за да работи, нема потреба да замолувате нашите амандмани има рок даден и тие треба да бидат секако прифатени. Ве замолувам амандманите како што се архивирани да бидат доставени, бидејќи во овој момент архивирани амандмани не се доставени до членовите на комисијата за да може да се работи по истите, вели Стаменковска.

Најнови вести