Од вкупно 348 основни училишта во Република Македонија, дури 286 немаат добиено позитивно мислење на годишните планови за вработување за 2020 година. Тоа се поразителни 82% и тоа во еден од најважните и тоа во еден од најважните и најсензитивни сектори во општеството – образованието, објави домолнителниот заменик министер за информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски.
-Оваа состоба е уште еден показател на катстрофалното лошо управување во јавниот сектор и речиси целосното отсуство на меѓуинституционален дијалог. Законот за вработените во јавниот сектор е многу јасен и прецизен – орган кој ја дава согласноста на годишните планови за вработување за основните училишта е надлежното министерство. Но и покрај оваа недвосмисленост, Министерството за образование и наука, намерно или од незнаење, одбива да дава согласности и ги упатува училиштата на погрешна адреса. На тој начин создава конфузија и го загрозува целиот систем на основно образование. Да потсетиме дека секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование, а ваквите несовесни постапки на Власта создаваат голем ризик истото да се загрози, потенцира Стаменковска Стојковски.
-Се штанцаат согласности и огласи за вработување во други државни институции за предизборно вдомување на роднини и пријатели на функционерите од власта, а кога станува збор за чување на интегритетот на образовните институции гледаме најмало чувство на одговорност. И што е уште попоразително, Министерството за информатичко општество и администрација, како институција која ги креира и се грижи за спроведување на реформите во јавниот сектор, на оваа неодговорно однесување е сведено на улога на безгласен посматрач, додава та.
Ваквите неодговорни однесувања завршуваат на 12 април, порачува Стаменковска Стојковски.