Да се грижевте за доброто на граѓаните немаше да учествувате во најголемиот предизборен поткуп во историјата на Република Македонија платен со буџетот на државата, како и во полнењето на институциите со партиски војници, реагира допелнителниот замаеник министер за информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска каде што таа вели дека треба да има кратење на платите во јавната администрација.
Во продолжение целата реакција на Стаменковска Стојковски:
Почитувани,
?изјавите на функционерите на СДСМ за кратење на платите на вработените во јавниот сектор не запираат. Прво го пуштија поранешниот вицепремиер Анѓушев, потоа кратење на платите не исклучи министерот Дамјан Манчевски, за денес преку министерката Нина Ангеловска повторно СДСМ да ја презентира нивната намера да се одземе од платите на вработените во јавниот сектор. Очигледно е дека кратењето на платите на вработените во јавниот сектор не е личен став, како што невешто се обиде да истакне министерката за финансии, туку сценарио кое СДСМ има намера да го воведе.
?Министерке Ангеловска, каде бевте да изразите загриженост за состојбата на буџетот кога вашите сопартијци функционери склучуваа договори со агенции за привремени вработувања? Лицемерно е да изјавувате дека вработените имаат намалени работни обврски, а притоа да го поддржувате безобѕирното трошење за нови партиски вработувања на вашите колеги од СДСМ. Кога ќе побарате функционерите на СДСМ да ги раскинат овие договори за партиски вработувања кои одлеваат средства од буџетот за провизии кои се и до 8%?
?Каде бевте да реагирате кога вашата партија донесе уредба за исплата на ненормално високите плати и огромните надоместоци за СЈО❓
Почитувана министерке Ангеловска, да се грижевте за доброто на граѓаните немаше да учествувате во најголемиот предизборен поткуп во историјата на Република Македонија платен со буџетот на државата, како и во полнењето на институциите со партиски војници.
?Немаше да дозволите трошоците за плати и надоместоци да пораснат за цели 10 милиони евра за само 3 месеци во однос на истиот период минатата година и тоа без да се сметаат општините, јавните претпријатија кои се формирани од државата и од општините и акционерските друштва во државна сопственост каде пак има најголема наезда на партиски војници.
‼️Немаше да дозволите 10 милиони евра да се потрошат за привремени вработувања во само 3 месеци, споредбено со оние 5 кои биле потрошени минатата година.
?Денес е лицемерно да барате солидарност од оние кои професионално посветиле години од својот живот за непречено функционирање на државата и недозволиво е Вие да одлучувате за судбината на луѓе кои во администрацијата имаат подолг стаж од Вас.
Почитувани,?изјавите на функционерите на СДСМ за кратење на платите на вработените во јавниот сектор не запираат. Прво…
Gepostet von Невенка Стаменковска Стојковски am Montag, 4. Mai 2020