петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска Стојковски: „Функционална анализа во институциите од јавен сектор“ е проект на ВМРО-ДПМНЕ донесен во 2014 година

Стаменковска Стојковски: „Функционална анализа во институциите од јавен сектор“ е проект на ВМРО-ДПМНЕ донесен во 2014 година

Дополнителниот министер по информатичко општество и јавна администрација Невенка Стаменковска Стојковски преку својот Фејсбук профил сподели статус во врска со „Функционалната анализа во институциите од јавен сектор“.

-„На втората седница на Владата на РМ одржана на 08.01.2020 година, е усвоена Информација за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор, поднесена од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Во насока на поедноставување на процесот на спроведување на функционална анализа од страна на институциите од јавниот сектор, МИОА подготви Анкетен лист, кој ги содржи основните податоци кои ќе дадат особен придонес при подготовката на хоризонталната функционална анализа во јавниот сектор и ќе придонесат за остварување на целта на истата – реорганизација и оптимизација на институциите. Податоците содржани во анкетните листови ќе претставуваат и солидна основа за редефинирање на приоритетите, редизајнирање на структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување на подобри резултати во институциите од јавниот сектор.“

Со други зборови ова значи поедноставување и скратена постапка за изменување на актите за систематизација и полесно отстранување на квалитетен административен кадар од јавниот сектор кој не е истомисленик со сегашната власт.
Досегашното спроведување на функционална анализа се одвиваше според Законот за вработени во јавен сектор член 17 став (4) и (5) и Правилникот за содржината и начинот на подготовката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и содржината на функционалната анализа на институциите на јавниот сектор член 23. Со воведувањето на овој „анкетен лист“ се скратува можноста институциите да спроведат целосна и реална функционална анализа, за која согласно законските одредби (и Методологијата за спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор донесена во јуни 2018 година како подобрена верзија на веќе постоечката од 2015 година) потребни се најмалку 2 месеца, и тоа во скратена постапка. Согласно Методологијата… и нејзините насоки во Акцискиот план, утврдени се минимални рокови за секој чекор од спроведувањето на функционалната анализа. Со воведувањето на овој „анкетен лист“ се негираат сите одредби од ЗВЈС, Правилникот… и Методологијата… се ставаат под тепих реалните согледувања кои треба да произлезат од вработените во врска со нефункционирањето на институциите и се создава крива слика поднесена само од врвното раководство кое сака несомнено да ги избрка најквалитетните работници и да ги замени со нови неспособни партиски војници.

Согласно член 23 од Правилникот содржината на функционалната анализа е составена од:

(1) Функционалната анализа на институцијата во јавниот сектор содржи:
– податоци за законските надлежности на институцијата;
– податоци за обемот на работа на секоја организациона единица во институцијата во последните три години;
– податоци за бројот на систематизирани и пополнети работни места;
– проценка за ефикасноста на секоја организациска единица во однос на остварување на законските надлежности, стратешкиот план и/или програмата за работа и за почитувањето на роковите;
– проценка на внатрешната организација потребна за остварување на законските надлежности, стратешкиот план и/или програмата за работа по организациски единици во законски утврдените рокови;
– проценка на работните места потребни за остварување на законските надлежности, стратешкиот план и/или програмата за работа во законски утврдените рокови;
– образложение за потребата од промена на внатрешната организација и/или на потребата од промена на систематизираните работни места (зголемени/намалени надлежности и/или зголемен/намален обем на работа).
(2) Во новооснована институција, функционалната анализа содржи:
– податоци за законските надлежности на институцијата;
– проценка на внатрешната организација потребна за остварување на законските надлежности, стратешкиот план и/или програмата за работа, по организациски единици во законските рокови, со образложение;
– проценка на работни места потребни за остварување на законските надлежности,
стратешкиот план и/или програмата за работа, по организациски единици во законски утврдените рокови со образложение.

Сите овие ставови и алинеи од овој член не можат да се исполнат со новоформираниот „анкетен лист“ со што целосно се девалвира процесот на спроведување функционална анализа.

Инаку колку за информација проектот „Функционална анализа во институциите од јавен сектор“ е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој се воведе со донесувањето на ЗАС и ЗВЈС во 2014 година и истиот е финансиран од ИПА фондови, дали Европската Унија знае дека даде пари за да се спроведува овде „Анкетен лист“, а не Функционална анализа каква што треба реално да се спроведе и дека се финансирани експерти за спроведување на Функционална анализа и дека со овој „Анкетен лист“, сето тоа се фрла во вода!?, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Најнови вести