Секој ден Владата на Зоран Заев најавува кратење на платите на вработените во јавниот сектор иако на голем дел веќе им се намалени како антикризна мерка во делот на додатоците и надоместоците на плата и тоа од 5% до 20%, а истовремено секој ден гледаме нови вработувања во институции!?, обвинува заменик-министерката во МИОА, Невенка Стаменковска Стојковски.
Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение
Хибридна држава која час нема пари (испразнет буџет), час има пари (резерви од пари) па се расфрлаат и ветуваат со цел предизборен поткуп и уцена на граѓаните. Нема крај на неспособноста и политиканство на функционерите на СДС!
Пред некој ден информирав за непостапување од страна на Државниот Управен инспекторат, а сега за продолжување со масовни вработувања, партизирање и неконтролирано полнење на институциите со нови вработени спротивно на Изборниот законик и насоките од Владата.
Нема да побегне од одговорност хибридениот режим со заробени институции. Иако известувам и пријавувам незаконски вработувања институциите кои треба да вршат надзор над примена на законите не постапуваат, ќе остане забележано како сите државни и јавни институции се злоупотребуваат за предизборната кампања на СДС а со Обновата на Македонија институциите ќе се ослободат, секоја злоупотреба на макар еден денар од буџетот на државата и на институциите, ќе се истражи и за секое незаконско постапување одговорност ќе има. Право и правда мора да има за граѓаните и вработените во јавниот сектор.
Потсетувам дека за не водење на редовност во една институција за едно лице се води кривична постапка а за илјадници незаконски вработувања, вработени на кои им се исплаќа плата иако не постои повеќе основот поради кој се вработиле нема ни опомена а за кривична одговорност не ни помислуваат.
Впрочем неказнивоста на функционерите на СДС е вообичаена, има примери кога се наградуваат со лиценца за садење марихуана или со кандидатско место за пратеник.
Почитувани, за состојбата со предизборен поткуп, лицемерието и лаги со кои владее СДС и до кој степен ја поистоветиле (споиле) државата и партијата ќе бидат известени и нашите партнери од ЕУ.