среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска-Стојковски: Кога имате 4420 вработувања пред избори, тие може да бидат само во функција на партизирање на системот и извор на непотизам

Стаменковска-Стојковски: Кога имате 4420 вработувања пред избори, тие може да бидат само во функција на партизирање на системот и извор на непотизам

Над (4 420) огласи за вработувања за само два месеци. Тоа е огромна дисторзија на системот. Над (4 420) нови вработувања значат дополнителни оптеретувања на буџетот. Овие огласи државата, пред се граѓаните кои се даночни обврзници ги чинат (62,497.542.00) денари, вели дополнителната министерка за администрација и информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски која додава:

„Здравиот разум и логика говори кога имате толку многу вработувања пред избори, тие може да бидат само во функција на партизирање на системот и извор на непотизам. Зад секој бран на партиски вработувања, стои нов бран на непотизам кој очигледно оваа власт го фаворизира. Колку само братучеди, ќерки, синови и деца на функционери на Владеачката партија се нововбработени во овие над 4 420 нови вработувања, останува да покаже времето.“

-Дека е реална оваа бројка што ја говорам во продолжение објавувам дел од објавените огласи по институциите, сите до еден во претходните два месеци, откога веќе се знаеше дека следи формирање на техничка влада и избори. Ова првиот дел од оваа тажна приказна на руинирање на квалитетот и игнорирање на професионалноста. Време е да се стави крај на оваа појава, квалитетот да биде на прво место. Професионалците да се охрабрат и бидат дел од успешна Република Македонија, потенцира Стаменковска Стојковски.

Најнови вести