среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска-Стојковски: Објавата на Манчевски дека ќе започне со работа Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство е поразителна

Стаменковска-Стојковски: Објавата на Манчевски дека ќе започне со работа Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство е поразителна

Дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски преку статус на Фејсбук пишува дека објавата на министерот Манчевски дека во 2020 година ќе почнел да работи Совет за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство е поразителна и претставува доказ дека ги преспал овие 3 години.

-⚠️Македонија се приклучи кон глобланата Иницијатива за отворено владино партнерство во 2011 година и го донесе првиот Акциски план уште во 2012 година, а Дамјан Манчевски се фали дека во 2020 година одржал конститутивна седница на Совет за следење на процесот.
?Инцијативата за Отворено владино партнерство се потпира на темелните вредности на демократијата како инклузивност, транспарентност и отчетност во владеењето, борба против корупцијата и јакнење на улогата на граѓаните во процесите на донесување на одлуки.
?Во изминатите години Владата на СДСМ ги погази сите овие демократски принципи. Целата јавност беше сведок на најнетранспарентните постапки во Собранието на Република Македонија при донесувањето на клучни легислативи.
⏳Законот за користење на податоците од јавниот сектор е донесен уште во 2014 година и се воспостави порталот за отворени податоци, а претходно се воспоставија и ЕНЕР, е-демократија и други алатки. За жал, наместо суштински надградби овие изминати години гледаме разграден систем, запрени процеси, многу шминка, малку работа и резултати.
?Дамјан Манчевски треба да се информира подобро кога зборува за вклучување на Собранието на Република Македонија во Иницијативата за ОВП. Јас ќе го потсетам дека подготовката на двогодишниот Акциски план на Собранието за Отворено владино партнерство започна уште во ноември 2017 година, а во мај 2018 година се одржа и Конференција посветена на таа тема а како пратеник ја имав честа да бидам дел од оваа иницијатива.
?Објавата на министерот Манчевски дека во 2020 година ќе почнел да работи Совет за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство е поразителна и претставува доказ дека ги преспал овие 3 години.
??На Македонија и е потребна обнова.
Таа ќе дојде со посветеност и работење, стои во постот на Стаменковска-Стојковски.

⚠️Македонија се приклучи кон глобланата Иницијатива за отворено владино партнерство во 2011 година и го донесе првиот…

Gepostet von Невенка Стаменковска Стојковски am Donnerstag, 7. Mai 2020

 

Најнови вести