сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска реагира за предизборни вработувања во јавната администрација

Стаменковска реагира за предизборни вработувања во јавната администрација

Од моето именување до денес остварив многу состаноци, добив многу писма, пораки и преставки од кои можам да заклучам дека општата состојба на вработените во државниот и јавниот сектор е многу лоша и загрижувачка, ова денеска преку прес-конференција го истакна дополнителниот министер за информатичко општество Невенка Стаменковска- Стојковски.

-Генералниот секретаријат на Владата за 2019 година има поднесено годишен план за вработување согласно методологијата и има добиено согласност од Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество за вработување на 38 лица, а во текот на годината без да се почитува законот односно добиле согласност за добивање на нови 57 нови вработувања без функционална анализа, односно за 75 нови вработувања со третото барање за измена на планот, а притоа главниот одлив на вработените е само три по основ на пензионирање, вели Стаменковска- Стојковски.

Таа додава дека пропорционалното пополнување на работните места врз основа на природниот одлив на вработените во администрацијата е во духот на законот за административни службеници, законот за вработени во јавен сектор и методологијата.

-Министерството за информатичко општество има непосредна одговорност за доследна примена на овие два закони, но наспроти тоа министерството било креатор и помагало во процесот на изигрување на законот и наместо да инсистира на законито постапување издава согласност за годишни планови во кои јасна е намерата за масовно партизирање на институциите  како што е примерот со генералниот секретаријат на Владата, рече Стаменковска- Стојковски.

Најнови вести