сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска-Стојковски: Владата веднаш да воспостави регистар на онлајн медиуми и да започне со издавање на дозволи за движење на сите медиумски работници

Стаменковска-Стојковски: Владата веднаш да воспостави регистар на онлајн медиуми и да започне со издавање на дозволи за движење на сите медиумски работници

Дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски преку својот Фејсбук профил апелира владата веднаш да воспостави регистар на онлајн медиуми.

-Независните онлајн медиуми играат клучна улога во овој период и истите можат значително да влијаат на квалитетот на Владините мерки преку развивање на дебата во однос на нивната адекватност.
Во ова време кога се соочуваат со финансиски потешкотии, Владата дополнително го отежнува и опструира секојдневното функционирање на одредени медиуми со цел да изврши притисок да ја сменат нивната уредувачка политика.
Земја со аспирација за полноправно членство на ЕУ не смее да дозволи независните медиуми да водат битка за да добијат право да постават прашање.
Затоа, повторно апелирам Владата веднаш:
1. Да воспостави регистар на онлајн медиуми
2. Да започне со издавање на дозволи за движење на сите медиумски работници и да дозволи еднаков пристап за сите медиуми на владините прес конференции
3.Земајќи предвид дека медиумите опстојуваат од реклами кои денес се се’ помалку, сметам дека не е оправдана одлуката да се исклучи медиумите од економските мерки кои се преземаат. Затоа апелирам Владата да ги разгледа нивните барања, а веднаш и без одлагање да ги ослободи од плаќање на придонеси за вработените.
Слободни медиуми и слободата на изразување се вредности кои ги споделуваме со нашите европски партнери, до кои испратив писмо со кое ги информирав за состојбата во Македонија, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.

Независните онлајн медиуми играат клучна улога во овој период и истите можат значително да влијаат на квалитетот на…

Gepostet von Невенка Стаменковска Стојковски am Samstag, 4. April 2020

 

Најнови вести